Листа на оштетени и осквернавени цркви и гробишта во реони со доминатно албанско малцинство

Македонските цркви се постојана мета на одредени екстремистички групи албанци(а бидејќи ретко, ако воопшто и некогаш, се откриени претпоставуваме дека имаат и поддршка од локалното население). Судејќи според бројот на инцидентите, местата во кои се извршуваат, се работи  за добро смислена операција за уништување на македонското културно наслество и за заплашување на христијанските верници. Ова е само дел од оштетените македонски цркви (на списокот не се наоѓаат оштетените цркви во конфликтот од 2001 години кои се бројат со десетици) на списокот може да се додадат и ограбените цркви - поточно 770 цркви се ограбени во последниве 12 години(овие напади/грабежи се делумно а во некои случаи и целосно поврзани со идејата да се осквернават православните храмови)

21.04.2008
Оштетени и ограбени две цркви во Џепчиште,Тетовско

Зулумќарите најнапред ги оштетиле металните заштитни врати на двете цркви „Св. Атанасије“ и „Пресвета Богородица“, а потоа насилно ги отвориле влезните врати. Од двете цркви биле однесени помало количество пари, а материјалната штета се проценува на 1.600 евра. 

Двете цркви беа оштетувани и ограбувани и пред две години. Тогаш најнапред бил подметнат пожар во внатрешноста на црквата „Пресвета Богородица“ кога биле изгорени теписи, теписони, патеки, а биле оштетени и неколку икони. 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=14AED3D85FA0BE4C9CE4C368C73AC430
***
08.12.2008
Оштетени православни гробови во Чајле,Гостиварско

Православните гробишта во гостиварското село Чајле викендов биле осквернавени од непознати вандали. Насилниците скршиле надгробна плоча и пет дрвени крста, три клупи за седење, а ги испретурале вазите за цвеќе и кандилата. 

Верниците што во неделата дошле на гробиштата забележале дека и прозорецот од црквата „Свети Илија“ бил искршен.Последниве години, гробиштата во Чајле се честа цел на вандалите, а досега не е откриен ниту еден насилник.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=99CD1459CD68CE408578EFD8C91FB8D7
***
17.04.2009

Осквернавени православните гробишта во Слатино,Тетовско
ТЕТОВО - Непознати вандали оштетија најмалку пет споменици на православните гробишта во тетовско Слатино. Очигледни се оштетувања на спомениците на семејствата Јовановски, Војновски, Цветановски, Стојчевски. Во полицијата случајот го пријавиле селаните. 

Според полициски извори, на два гроба се искршени дрвени крстови, додека на други се оштетени мермерни плочи.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=24E4A7A2B11366419A436F93A41A1C7E
***
01.03.2010
Осквернавени православни гробови во Глоѓи,Тетовско

Засега непознати сторители ги извадиле надгробните плочи од два гроба, прекопувале во нивната внатрешност, а потоа ги вратиле назад, додека плочата од третиот гроб ја оставиле настрана.
Покрај ова, тие ги поместиле плочите и на уште четири гроба, но не ги извадиле целосно, јави КИС телев изија.

***
22.03.2010
Каменувана црква во Скопје,Север

Црквата „Свети Никола“ во населбата Скопје Север вчера утрото била каменувана. Малолетници со камења фрлале во дворот на црквата додека внатре биле и домаќинката и службеникот

Камењата речиси го преплавиле црковниот двор и искршиле неколку стакла. Од црквата велат дека оваа не било првпат црквата да биде мета на учениците Албанци од блиското училиште. Кога црквата била отворена, малолетниците дури влегувале внатре, фрлале со камења и ги навредувале вработените.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32210103259&id=12&setIzdanie=21940

***
26.04.2010

Оштетена црквата "Свети Архангел Гаврил"


Оштетена црквата "Свети Архангел Гаврил" која се наоѓа јужно од струшкото село Долна Белица во близина на асфалтната база на "Илинден". Дивеењето на непознатите сторители се случило во периодот помеѓу 5 и 25. април.
Сторителите насилно влегле во помошната просторија каде го искрШиле целиот инвентар, а потоа влегле во црквата и  го уништиле дрвениот иконостас како и  внатрешните ѕидови. Дивеењето продолжило на кровот од црквата, каде дел од лимовите биле  оштетени, а дел украдени.

***
26.04.2010
Осквернавени православни гробишта и селска црква во Требош,тетовско
Православните гробишта во тетовското село Требош, ноќеска, биле осквернавени. 

Непознати сторители дивееле по гробиштата и направиле материјална штета. Полицијата, се уште, трага по сторителите.



***
28.03.2011

Оштетена црква во Вратница

ТЕТОВО - Непознати сторители му извршиле сериозни оштетувања на православниот храм „Св. Константин и Елена“ во тетовското село Вратница. Според полицијата, оштетувањата биле извршени во претходните два дена. Вандалите искршиле шест прозорски стакла, а оштетена и е влезната врата во црквата. Причинетата материјална штета се проценува на околу 60.000 денари. Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителите. Оваа црква и во минатото неколку пати била оштетувана и ограбувана од непознати арамии. Криминалците се' уште не се откриени. 

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D1724F829742D943928BFFE931E1264E
***
28.09.2011

Оштетена црквата во Мала Речица, Тетовско

- Демолирани се делови крај олтарот, а надворешните ѕидови ги размачкувале со зелено растение. Од покривот се извадени и искршени 24 ќерамиди. Исто така, искршени се стаклата од сите страни на неодамна осветената камбанерија. Со кршење брави, катанци и стакла причинети се штети и на помошните простории. Случајот бил пријавен во полиција, извршен е увид во присуство на свештениците и членови на црковниот одбор - изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово. 

***
29.01.2012
Оштетен крст на црква во Струшко Боровец
Непознат сторител го оштетил дрвениот крст во црквата "Св. Богородица" во струшко Боровец, информира Министерството за внатрешни работи. 
Синоќа, непознат сторител извршил оштетување на осветен дрвен крст висок четири метри што бил поставен во дворот од црквата "Св. Богородица" во струшкото село Боровец. 
Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

http://www.ohridon.com/m-vesti/7448.html
***
29.01.2012
„Каури, за вас само смрт“ напишано на црквата „Св. Никола“ во струшко Октиси

Непознати сторители, доцна вечерва испишале погрдни графити на ѕидот на црквата „Св. Никола“, во струшкото село Октиси.
Според информации на охридското Супер радио, на ѕидот на црквата, како и на бетонскиот надворешен ѕид со спреј било напишано „Каури, за вас само смрт“.

***
05.02.2012

„Смрт за каури“ и полов орган исцртани на црква во Сингелиќ

Утрово околу 9:50 непознати лица испишале навредливи содржини на црквата Св.Кирил и Методиј во скопски Сингелиќ, потврдуваат извори за Пресс24.

***
22.04.2012

Осквернавени православни гробови во Лабуништа

Од православните гробишта во струшкото село Лабуништа доцна синоќа осквернавени се триесеттина крстови. Од СВР Охрид информираат дека непознати сторители ноќеска ги извадиле дрвените крстови од гробните места и ги донеле пред црквата „Св. Никола“ и таму ги искршиле.

http://www.ohrid1.com/makedoni%D1%98a/oskvernaveni-pravoslavni-grobovi-vo-labunishta
***
04.09.2012

Скршени прозорци на црквата „Свети Никола“ во Долна Лешница

Случајот бил пријавен денеска претпладне по што полициски службеници излегле на увид на самото место. Притоа било утврдено дека засега непознати сторители со тврд предмет искршиле три прозорци, два поголеми и еден помал, причинувајќи материјална штета од околу 12 илјади денари.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=8557
***
23.09.2012

Навредливи графити на црквата во Чаир 

Портата од цркавата Св. Ѓеорѓија во скопски Чаир синоќа е испишана со непристојни графити. На левата страна на портата е испишано FUCK, а од десната страна на портата некој цртал машки полов орган. 


***
13.10.2012

Каменувана црква во тетовско Милетино

Засега непознати сторители ноќта помеѓу четвртокот и петокот ја каменувале црквата Света Петка во тетовското село Милетино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

sv-petka.jpg-240
Случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на жител на селото кој живеел во близина на црквата, која се наоѓа на излезот од Милетино.
Полициска екипа излегла на увид по што е констатирано дека непознати сторители со камења нанеле дваесеттина вдлабнатини на фасадата на црквата што неодамна била обновена, а забележително била оштетена и влезната врата на објектот.


***
23.11.2012

Демолирана црквата Света Злата мегленска во Сарај,Скопско
Kанделабрите и прозорците на црквата „Св.Злата Мегленска“ во Сарај се скршени во раните утрински часови, а двете знамиња - државното и црковното се искинати, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
http://sitel.com.mk/demolirana-crkvata-svzlata-meglenska-vo-saraj
***
01.04.2013

Демолирана и ограбена црквата "Свети Никола" во Сушица,Гостиварско

Увидот покажал дека провалата се случила во периодот од 24 до 31 март, а провалниците во објектот влегле со кршење на еден од прозорците. По пребарувањето ја нашле металната каса во која имало околу илјада денари, пари кои ги донирале верниците. Најверојатно при излегувањето ја оштетиле и влзената врата и натписот на црквата, а го симнале и ѕвоното од камбанаријата. Металната плоча и ѕвоното биле најдени на извесна одалеченост од црквата.
***

30.04.2013



Малолетници фрлале со камења врз црква во Чаир за време на богослужба

Група малолетници во понеделникот околу девет часот фрлале со камења кон црквата „Свети Ѓорѓија“ којашто се наоѓа на улица Панче Неделковски во скопската населба Чаир, за време на богослужба.
Според информациите на МВР, малолетниците фрлале со камења кон влезната врата на црквата, ја загрозиле безбедноста на верниците и била оштетена алуминиумска табла. Освен што ја каменувале црквата, малолетниците упатувале навредливи зборови. Полицијата работи на расчистување на случајот.
***
09.05.2013

„Биг Албанија“ на црква во тетовско,Отушиште

Графит „ Биг Албанија“ осамнал на ѕидот на црквата Свети Никола во тетовско Отушиште.

Министерството за внатрешни работи информира  дека на тремот на црквата Свети Никола во тетовското село Отушиште непознато лице нацртало графит „Биг Албанија“ или „Голема Албанија“. 

За сега нема информации кога бил нацртан графитот.

Тетовската полиција превзема мерки да откривање на сторителот. 


***

22.05.2013

Оштетена црквата Свети Спас на Кале

Вандали со тврд предмет неп го оштетиле ѕидот на црквата Свети Спас на Кале.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи непознати сторители со тврд предмет, вчера во пет часот утрината, го оштетиле ѕидот на Црквата Свети Спас на улица Самоилова во Скопје.
Полицијата трага по деликвентите и работи на откривање на причината за овој вандалски чин.  


***
29.09.2013

Провалил во црква за да пали и крши - инцидент 

во струшко Октиси

Меѓу 15-ти и 27-ми септември годинава, непознато лице провалило во црквата „Св. Димитрија“ во струшко Октиси, го запалило платното со кое биле покриени свеќите и расфрлало икони по подот.
Полицијата извршила увид на местото и активно се трага по сторителот.

http://www.press24.mk/provalil-vo-crkva-za-da-pali-i-krshi-incident-vo-strushko-oktisi

****
01.10.2013

Осквернавени православните гробишта во тетовско Џепчиште

Мештаните од тетовско Џепчиште повторно беа сведоци на сквернавење на гробовите на починатите роднини. Кршењето надгробни плочи, крстови и други предмети, е слика која често, речиси барем еднаш годишно ја затекнуваат жителите на ова место

- Лани  во април имаше ист ваков случај, кога беа искршени 5-6 надгробни плочи. Сега после година и половина повторно тоа се случува, вели Мирослав Василевски, жител на Џепчиште. 
***
07.11.2013
ВО СЕНОКОСЕ, ГОСТИВАРСКО РАСКОПАНИ ЧЕТИРИ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ
На стари православни гробишта во полошкото село Сенокосе, непознати лица раскопале четири гроба, стари повеќе од два века. Не е познато што е најдено и одземено. 
Годинава во гостиварско, регистрирани се два случаи на раскопување стари гробови. Едниот во селото Дебреше и вториот во Долна Бањица.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=77F741CAB29AF342BF2F95B6311E7B4E

*****


Лешочки манастир 2001 година




No comments:

Post a Comment