Македонска поточно Рамковна полиција

Време е да престанеме да се обраќаме спрема припадниците на МВР како МАКЕДОНСКА полиција. Тие се РАМКОВНА полиција. Што значи тоа? Сведоци сме во повеќе наврати (за време на протести, собири, натпревари и сл.) дека полицијата има различни наредби како да реагира при евентуални инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир. Кога се работи за Македонци полицијата има целосно одврзани раце да постапува најжестоко што може за да се сузбијат инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир(иако во неколку случаи и без некој особен повод беа напаѓани групи Македонци од страна на рамковната полиција - чисто превентивно!), додека пак кога се работи за групи Албанци полицијата има наредба да постапува дефанзивно - односно да се брани само себеси - Албанците учесници во инциденти се оставени да кршат, палат, повредуваат граѓани а од Рамковната полиција секогаш го добиваме истото соопштение - Полицијата превзема мерки за идентификување на сторителите.  Рамковната полиција официјално и се промовираше на јавноста по инцидентите на Кале на 13.02.2011 кога заменикот министер на МВР Џавид Бучи лично му ги извади лисиците од раце на водачот на навивачката (поточно криминалната) група Шверцери од Чаир - Омер Буњаку.

Слика од противзаконското ослободување на Омер Буњаку на скопско Кале


Слика за тоа како реагира(бега) рамковната полиција кога се работи за албанци


1 comment: