Дволичност - двојни стандарди! СМРТ ЗА КАУРИ на првенствен натпревар!

Еве ја таа дволичност на нашите сограѓани. Еве ја дволичноста и замајувањето на ФФМ за сопирање на дискриминацијата и навредите. На вчерашниот натпревар помеѓу Шкендија и Металург одигран во Тетово, позади еден од головите јасно може да се прочита графит СМРТ ЗА КАУРИ. Се прекинуваа натпревари за наводни скандирања на национална основа, се казнуваа навивачи (особено Комити) без никакви докази само затоа што некој некаде извикал навреда. А ваква грозна навреда/закана која можевме сите да ја видиме благодарение на преносот на МТВ никој не ја санкционира.Управата на Шкендија поднесува жалби за најобични скандирања а зарем толку е тешко да се пребрише/покрие некој графит? Но очигледно едно им пречи а друго посакуваат!

КЛИКНЕТЕ ЗА ПОГОЛЕМА РЕЗОЛУЦИЈА!


2 comments:

  1. ...па не треба овде да ЛИКУВАТЕ, ПОДНЕСЕТЕ И ВИЕ ОФИЦИЈАЛНА ТУЖБА ДО ФФМ ЗА КЛУБОТ ШКЕНДИЈА, ОВА Е НА НИВНИ СТАДИОН, НЕ?

    ReplyDelete
  2. Господине Кајл Едгар не се работи за тужба (која патем не можеме да ја поднесеме како граѓани, можеме да поднесеме само кривична пријава иако ова е нешто што го виделе сите ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА од ФФМ и од клубовите) се работи за НЕпочитување, НЕтолеранција, НЕкултура и ЛИЦЕМЕРИЕ. За тоа не постојат тужби.

    ReplyDelete