Рамковно судство

Последниве неколку години покрај феноменот РАМКОВНА ПОЛИЦИЈА се запознаваме и со феноменот РАМКОВНО СУДСТВО. За што се работи? Многу едноставно, судиите во случаи во кои се инволвирани Албанци имаат многу поблаг критериум при донесување пресуди. Последен ваков случај е вчерашната одлука на Скопска апелација со која се потврди пресудата за Фарук и Луис Биљали кои го убија 56-годишниот Крсте Стерјоски во Тетово пред една година (види:http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=11415) . Овие двајца добија две и пол односно една и пол години затвор за убиството. Две години за убиство!!! А образложението е повеќе од смешно (ако може да се каже такво нешто за ваква трагедија) - ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СУДЕЊЕТО(!?) и тоа што му помогнале (!?) т.е. откако го претепале на смрт го однеле до болница. А да направиме споредба со ДОЖИВОТНАТА КАЗНА ЗАТВОР за полицаецот Јаким Трифуновски од Гостивар  (повеќе: Трифуновски пукал во самоодбрана)? До сега во Македонија ретко беа изрекувани казни доживотен затвор а никогаш за ваков случај во кој се спореше границата на употреба на право на самоодбрана! На доживотен затвор во Македонија се осудени терористи, сериски убијци, извршители на планирани повеќекратни убиства...ништо слично со ова. Ова е веројатно прв ваков случај во светот кога при напад и присуство на неговата малолетна ќерка за време на нападот обвинетиот се бранел и добил доживотна казна затвор! Тука не беше земено предвид што Трифуновски беше нападнат од четворица, тоа што влегувал во сопствената кола пред нападаот, тоа што неговата малолетна ќерка била до него за време на нападот...Но сите знаеме зошто рамковниот суд носи вакви пресуди - за мир во куќи! Или пак земете го случајот на Кале. Условно осудени напаѓачи со ножеви, уривачи на објекти...Овие рамковни судии сега за сега можеме само морално да ги осудиме. Но тоа не е правда! Правдата кога тогаш се спроведува затоа што ако остане неспроведена создава револт, немир и доведува до нови конфликти поголеми од претходните.Се лажат тие што на овој начин пробуваат да создадат привиден мир, а вршат неправда!