Министерство за вистина

Како од Орвеловата 1984, денес живееме во свет во кој вистината се фалсификува систематски. Соопштенијата од МВР почнувајќи од пред 2-3 години не вклучуваат националност на напаѓачи и жртви освен во исклучителни ситуации. Затоа списокот кој го има на овој сајт веќе не е обновуван. Тепачките се уште постојат а во тие меѓуетнички тепачки во 1 од 20 случаи жртви се Македонци.

Дволичност - двојни стандарди! СМРТ ЗА КАУРИ на првенствен натпревар!

Еве ја таа дволичност на нашите сограѓани. Еве ја дволичноста и замајувањето на ФФМ за сопирање на дискриминацијата и навредите. На вчерашниот натпревар помеѓу Шкендија и Металург одигран во Тетово, позади еден од головите јасно може да се прочита графит СМРТ ЗА КАУРИ. Се прекинуваа натпревари за наводни скандирања на национална основа, се казнуваа навивачи (особено Комити) без никакви докази само затоа што некој некаде извикал навреда. А ваква грозна навреда/закана која можевме сите да ја видиме благодарение на преносот на МТВ никој не ја санкционира.Управата на Шкендија поднесува жалби за најобични скандирања а зарем толку е тешко да се пребрише/покрие некој графит? Но очигледно едно им пречи а друго посакуваат!

КЛИКНЕТЕ ЗА ПОГОЛЕМА РЕЗОЛУЦИЈА!


Рамковно судство

Последниве неколку години покрај феноменот РАМКОВНА ПОЛИЦИЈА се запознаваме и со феноменот РАМКОВНО СУДСТВО. За што се работи? Многу едноставно, судиите во случаи во кои се инволвирани Албанци имаат многу поблаг критериум при донесување пресуди. Последен ваков случај е вчерашната одлука на Скопска апелација со која се потврди пресудата за Фарук и Луис Биљали кои го убија 56-годишниот Крсте Стерјоски во Тетово пред една година (види:http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=11415) . Овие двајца добија две и пол односно една и пол години затвор за убиството. Две години за убиство!!! А образложението е повеќе од смешно (ако може да се каже такво нешто за ваква трагедија) - ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СУДЕЊЕТО(!?) и тоа што му помогнале (!?) т.е. откако го претепале на смрт го однеле до болница. А да направиме споредба со ДОЖИВОТНАТА КАЗНА ЗАТВОР за полицаецот Јаким Трифуновски од Гостивар  (повеќе: Трифуновски пукал во самоодбрана)? До сега во Македонија ретко беа изрекувани казни доживотен затвор а никогаш за ваков случај во кој се спореше границата на употреба на право на самоодбрана! На доживотен затвор во Македонија се осудени терористи, сериски убијци, извршители на планирани повеќекратни убиства...ништо слично со ова. Ова е веројатно прв ваков случај во светот кога при напад и присуство на неговата малолетна ќерка за време на нападот обвинетиот се бранел и добил доживотна казна затвор! Тука не беше земено предвид што Трифуновски беше нападнат од четворица, тоа што влегувал во сопствената кола пред нападаот, тоа што неговата малолетна ќерка била до него за време на нападот...Но сите знаеме зошто рамковниот суд носи вакви пресуди - за мир во куќи! Или пак земете го случајот на Кале. Условно осудени напаѓачи со ножеви, уривачи на објекти...Овие рамковни судии сега за сега можеме само морално да ги осудиме. Но тоа не е правда! Правдата кога тогаш се спроведува затоа што ако остане неспроведена создава револт, немир и доведува до нови конфликти поголеми од претходните.Се лажат тие што на овој начин пробуваат да создадат привиден мир, а вршат неправда!


Листа на оштетени и осквернавени цркви и гробишта во реони со доминатно албанско малцинство

Македонските цркви се постојана мета на одредени екстремистички групи албанци(а бидејќи ретко, ако воопшто и некогаш, се откриени претпоставуваме дека имаат и поддршка од локалното население). Судејќи според бројот на инцидентите, местата во кои се извршуваат, се работи  за добро смислена операција за уништување на македонското културно наслество и за заплашување на христијанските верници. Ова е само дел од оштетените македонски цркви (на списокот не се наоѓаат оштетените цркви во конфликтот од 2001 години кои се бројат со десетици) на списокот може да се додадат и ограбените цркви - поточно 770 цркви се ограбени во последниве 12 години(овие напади/грабежи се делумно а во некои случаи и целосно поврзани со идејата да се осквернават православните храмови)

21.04.2008
Оштетени и ограбени две цркви во Џепчиште,Тетовско

Зулумќарите најнапред ги оштетиле металните заштитни врати на двете цркви „Св. Атанасије“ и „Пресвета Богородица“, а потоа насилно ги отвориле влезните врати. Од двете цркви биле однесени помало количество пари, а материјалната штета се проценува на 1.600 евра. 

Двете цркви беа оштетувани и ограбувани и пред две години. Тогаш најнапред бил подметнат пожар во внатрешноста на црквата „Пресвета Богородица“ кога биле изгорени теписи, теписони, патеки, а биле оштетени и неколку икони. 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=14AED3D85FA0BE4C9CE4C368C73AC430
***
08.12.2008
Оштетени православни гробови во Чајле,Гостиварско

Православните гробишта во гостиварското село Чајле викендов биле осквернавени од непознати вандали. Насилниците скршиле надгробна плоча и пет дрвени крста, три клупи за седење, а ги испретурале вазите за цвеќе и кандилата. 

Верниците што во неделата дошле на гробиштата забележале дека и прозорецот од црквата „Свети Илија“ бил искршен.Последниве години, гробиштата во Чајле се честа цел на вандалите, а досега не е откриен ниту еден насилник.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=99CD1459CD68CE408578EFD8C91FB8D7
***
17.04.2009

Осквернавени православните гробишта во Слатино,Тетовско
ТЕТОВО - Непознати вандали оштетија најмалку пет споменици на православните гробишта во тетовско Слатино. Очигледни се оштетувања на спомениците на семејствата Јовановски, Војновски, Цветановски, Стојчевски. Во полицијата случајот го пријавиле селаните. 

Според полициски извори, на два гроба се искршени дрвени крстови, додека на други се оштетени мермерни плочи.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=24E4A7A2B11366419A436F93A41A1C7E
***
01.03.2010
Осквернавени православни гробови во Глоѓи,Тетовско

Засега непознати сторители ги извадиле надгробните плочи од два гроба, прекопувале во нивната внатрешност, а потоа ги вратиле назад, додека плочата од третиот гроб ја оставиле настрана.
Покрај ова, тие ги поместиле плочите и на уште четири гроба, но не ги извадиле целосно, јави КИС телев изија.

***
22.03.2010
Каменувана црква во Скопје,Север

Црквата „Свети Никола“ во населбата Скопје Север вчера утрото била каменувана. Малолетници со камења фрлале во дворот на црквата додека внатре биле и домаќинката и службеникот

Камењата речиси го преплавиле црковниот двор и искршиле неколку стакла. Од црквата велат дека оваа не било првпат црквата да биде мета на учениците Албанци од блиското училиште. Кога црквата била отворена, малолетниците дури влегувале внатре, фрлале со камења и ги навредувале вработените.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32210103259&id=12&setIzdanie=21940

***
26.04.2010

Оштетена црквата "Свети Архангел Гаврил"


Оштетена црквата "Свети Архангел Гаврил" која се наоѓа јужно од струшкото село Долна Белица во близина на асфалтната база на "Илинден". Дивеењето на непознатите сторители се случило во периодот помеѓу 5 и 25. април.
Сторителите насилно влегле во помошната просторија каде го искрШиле целиот инвентар, а потоа влегле во црквата и  го уништиле дрвениот иконостас како и  внатрешните ѕидови. Дивеењето продолжило на кровот од црквата, каде дел од лимовите биле  оштетени, а дел украдени.

***
26.04.2010
Осквернавени православни гробишта и селска црква во Требош,тетовско
Православните гробишта во тетовското село Требош, ноќеска, биле осквернавени. 

Непознати сторители дивееле по гробиштата и направиле материјална штета. Полицијата, се уште, трага по сторителите.



***
28.03.2011

Оштетена црква во Вратница

ТЕТОВО - Непознати сторители му извршиле сериозни оштетувања на православниот храм „Св. Константин и Елена“ во тетовското село Вратница. Според полицијата, оштетувањата биле извршени во претходните два дена. Вандалите искршиле шест прозорски стакла, а оштетена и е влезната врата во црквата. Причинетата материјална штета се проценува на околу 60.000 денари. Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителите. Оваа црква и во минатото неколку пати била оштетувана и ограбувана од непознати арамии. Криминалците се' уште не се откриени. 

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D1724F829742D943928BFFE931E1264E
***
28.09.2011

Оштетена црквата во Мала Речица, Тетовско

- Демолирани се делови крај олтарот, а надворешните ѕидови ги размачкувале со зелено растение. Од покривот се извадени и искршени 24 ќерамиди. Исто така, искршени се стаклата од сите страни на неодамна осветената камбанерија. Со кршење брави, катанци и стакла причинети се штети и на помошните простории. Случајот бил пријавен во полиција, извршен е увид во присуство на свештениците и членови на црковниот одбор - изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово. 

***
29.01.2012
Оштетен крст на црква во Струшко Боровец
Непознат сторител го оштетил дрвениот крст во црквата "Св. Богородица" во струшко Боровец, информира Министерството за внатрешни работи. 
Синоќа, непознат сторител извршил оштетување на осветен дрвен крст висок четири метри што бил поставен во дворот од црквата "Св. Богородица" во струшкото село Боровец. 
Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

http://www.ohridon.com/m-vesti/7448.html
***
29.01.2012
„Каури, за вас само смрт“ напишано на црквата „Св. Никола“ во струшко Октиси

Непознати сторители, доцна вечерва испишале погрдни графити на ѕидот на црквата „Св. Никола“, во струшкото село Октиси.
Според информации на охридското Супер радио, на ѕидот на црквата, како и на бетонскиот надворешен ѕид со спреј било напишано „Каури, за вас само смрт“.

***
05.02.2012

„Смрт за каури“ и полов орган исцртани на црква во Сингелиќ

Утрово околу 9:50 непознати лица испишале навредливи содржини на црквата Св.Кирил и Методиј во скопски Сингелиќ, потврдуваат извори за Пресс24.

***
22.04.2012

Осквернавени православни гробови во Лабуништа

Од православните гробишта во струшкото село Лабуништа доцна синоќа осквернавени се триесеттина крстови. Од СВР Охрид информираат дека непознати сторители ноќеска ги извадиле дрвените крстови од гробните места и ги донеле пред црквата „Св. Никола“ и таму ги искршиле.

http://www.ohrid1.com/makedoni%D1%98a/oskvernaveni-pravoslavni-grobovi-vo-labunishta
***
04.09.2012

Скршени прозорци на црквата „Свети Никола“ во Долна Лешница

Случајот бил пријавен денеска претпладне по што полициски службеници излегле на увид на самото место. Притоа било утврдено дека засега непознати сторители со тврд предмет искршиле три прозорци, два поголеми и еден помал, причинувајќи материјална штета од околу 12 илјади денари.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=8557
***
23.09.2012

Навредливи графити на црквата во Чаир 

Портата од цркавата Св. Ѓеорѓија во скопски Чаир синоќа е испишана со непристојни графити. На левата страна на портата е испишано FUCK, а од десната страна на портата некој цртал машки полов орган. 


***
13.10.2012

Каменувана црква во тетовско Милетино

Засега непознати сторители ноќта помеѓу четвртокот и петокот ја каменувале црквата Света Петка во тетовското село Милетино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

sv-petka.jpg-240
Случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на жител на селото кој живеел во близина на црквата, која се наоѓа на излезот од Милетино.
Полициска екипа излегла на увид по што е констатирано дека непознати сторители со камења нанеле дваесеттина вдлабнатини на фасадата на црквата што неодамна била обновена, а забележително била оштетена и влезната врата на објектот.


***
23.11.2012

Демолирана црквата Света Злата мегленска во Сарај,Скопско
Kанделабрите и прозорците на црквата „Св.Злата Мегленска“ во Сарај се скршени во раните утрински часови, а двете знамиња - државното и црковното се искинати, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
http://sitel.com.mk/demolirana-crkvata-svzlata-meglenska-vo-saraj
***
01.04.2013

Демолирана и ограбена црквата "Свети Никола" во Сушица,Гостиварско

Увидот покажал дека провалата се случила во периодот од 24 до 31 март, а провалниците во објектот влегле со кршење на еден од прозорците. По пребарувањето ја нашле металната каса во која имало околу илјада денари, пари кои ги донирале верниците. Најверојатно при излегувањето ја оштетиле и влзената врата и натписот на црквата, а го симнале и ѕвоното од камбанаријата. Металната плоча и ѕвоното биле најдени на извесна одалеченост од црквата.
***

30.04.2013



Малолетници фрлале со камења врз црква во Чаир за време на богослужба

Група малолетници во понеделникот околу девет часот фрлале со камења кон црквата „Свети Ѓорѓија“ којашто се наоѓа на улица Панче Неделковски во скопската населба Чаир, за време на богослужба.
Според информациите на МВР, малолетниците фрлале со камења кон влезната врата на црквата, ја загрозиле безбедноста на верниците и била оштетена алуминиумска табла. Освен што ја каменувале црквата, малолетниците упатувале навредливи зборови. Полицијата работи на расчистување на случајот.
***
09.05.2013

„Биг Албанија“ на црква во тетовско,Отушиште

Графит „ Биг Албанија“ осамнал на ѕидот на црквата Свети Никола во тетовско Отушиште.

Министерството за внатрешни работи информира  дека на тремот на црквата Свети Никола во тетовското село Отушиште непознато лице нацртало графит „Биг Албанија“ или „Голема Албанија“. 

За сега нема информации кога бил нацртан графитот.

Тетовската полиција превзема мерки да откривање на сторителот. 


***

22.05.2013

Оштетена црквата Свети Спас на Кале

Вандали со тврд предмет неп го оштетиле ѕидот на црквата Свети Спас на Кале.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи непознати сторители со тврд предмет, вчера во пет часот утрината, го оштетиле ѕидот на Црквата Свети Спас на улица Самоилова во Скопје.
Полицијата трага по деликвентите и работи на откривање на причината за овој вандалски чин.  


***
29.09.2013

Провалил во црква за да пали и крши - инцидент 

во струшко Октиси

Меѓу 15-ти и 27-ми септември годинава, непознато лице провалило во црквата „Св. Димитрија“ во струшко Октиси, го запалило платното со кое биле покриени свеќите и расфрлало икони по подот.
Полицијата извршила увид на местото и активно се трага по сторителот.

http://www.press24.mk/provalil-vo-crkva-za-da-pali-i-krshi-incident-vo-strushko-oktisi

****
01.10.2013

Осквернавени православните гробишта во тетовско Џепчиште

Мештаните од тетовско Џепчиште повторно беа сведоци на сквернавење на гробовите на починатите роднини. Кршењето надгробни плочи, крстови и други предмети, е слика која често, речиси барем еднаш годишно ја затекнуваат жителите на ова место

- Лани  во април имаше ист ваков случај, кога беа искршени 5-6 надгробни плочи. Сега после година и половина повторно тоа се случува, вели Мирослав Василевски, жител на Џепчиште. 
***
07.11.2013
ВО СЕНОКОСЕ, ГОСТИВАРСКО РАСКОПАНИ ЧЕТИРИ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ
На стари православни гробишта во полошкото село Сенокосе, непознати лица раскопале четири гроба, стари повеќе од два века. Не е познато што е најдено и одземено. 
Годинава во гостиварско, регистрирани се два случаи на раскопување стари гробови. Едниот во селото Дебреше и вториот во Долна Бањица.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=77F741CAB29AF342BF2F95B6311E7B4E

*****


Лешочки манастир 2001 година




Македонска поточно Рамковна полиција

Време е да престанеме да се обраќаме спрема припадниците на МВР како МАКЕДОНСКА полиција. Тие се РАМКОВНА полиција. Што значи тоа? Сведоци сме во повеќе наврати (за време на протести, собири, натпревари и сл.) дека полицијата има различни наредби како да реагира при евентуални инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир. Кога се работи за Македонци полицијата има целосно одврзани раце да постапува најжестоко што може за да се сузбијат инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир(иако во неколку случаи и без некој особен повод беа напаѓани групи Македонци од страна на рамковната полиција - чисто превентивно!), додека пак кога се работи за групи Албанци полицијата има наредба да постапува дефанзивно - односно да се брани само себеси - Албанците учесници во инциденти се оставени да кршат, палат, повредуваат граѓани а од Рамковната полиција секогаш го добиваме истото соопштение - Полицијата превзема мерки за идентификување на сторителите.  Рамковната полиција официјално и се промовираше на јавноста по инцидентите на Кале на 13.02.2011 кога заменикот министер на МВР Џавид Бучи лично му ги извади лисиците од раце на водачот на навивачката (поточно криминалната) група Шверцери од Чаир - Омер Буњаку.

Слика од противзаконското ослободување на Омер Буњаку на скопско Кале


Слика за тоа како реагира(бега) рамковната полиција кога се работи за албанци


Сонот за Голема Албанија


Сонот за Голема Албанија не е само сон. Тој се реализира на терен со години. Тоа што ние како Македонци не сакаме да си го признаеме е друга работа. Сепак сите овие изјави на официјални политичари Албанци од Македонија треба да се документираат и да се користат како аргумент во понатамошната борба за зачувување на Македонија. Сега случајно е избран Дехари претходно вакви изјави давале речиси сите политичари Албанци од Македонија (било да се од ДУИ,ДПА,НДП...). Порано имаше и по некоја официјална реакција, сега остануваме ние да коментираме и да ги забележуваме овие провокации. Ова се причините за меѓуетнички тензии!


Листа на насилни инциденти - напаѓачи Албанци жртви Македонци


Од денес ќе отворам нова тема која или ќе ја апдејтувам на постојниот топик или ќе отварам нови блог постови со цел да ја претставам ситуацијата која повеќето медиуми одбегнуваат јавно да ја споделат. А тоа е трендот на насилство и навреди од страна на албанците врз Македонците. Македонците се жртви во сопствената држава, во Македонија постојат места каде што не смееш да зборуваш македонски!
ПРЕД СИТЕ ДРУГИ ИНЦИДЕНТИ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА НАЈГРОЗОМОРНИОТ ЧИН, УБИСТВОТО НА 5 МЛАДИ ЛУЃЕ НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО НА 12 АПРИЛ 2012 ОД СТРАНА НА НЕКОЛКУМИНА АЛБАНЦИ. УБИСТВО ПРЕДИЗВИКАНО ОД ОМРАЗА КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ДРЖАВА. ОВА БЕШЕ СВОЕВИДНА КУЛМИНАЦИЈА НА НАСИЛСТВОТО КОЕ СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ТОЈ ПЕРИОД А ПРОДОЛЖУВА ДО ДЕНЕШЕН ДЕН!
Обвинетите во „Монструм“ барале да убијат Македонци
***
16 октомври 2006
Стотина ученици Албанци демолирале автобус и малтретирале патници
Стотина ученици од Средното училиште “Михајло Пупин”, сите од албанска националност, вчера претпладне дивееле во автобусот на ЈСП број 55 што сообраќал на релацијата од Скопје до Арачиново. Тие на постојката на улицата “Благоја Стефковски”, непосредно пред училиштето, со стапови, метални прачки, синџири и камења кршеле инвентар во автобусот, а ги малтретирале и патниците во него. Од насилничкото однесување на големата група разулавени средношколци – Албанци, најмногу настрадала една жена, како што н? известија од полицијата, професорка во училиштето ?Михајло Пупин”.Групата потоа се симнала и се упатила кон училиштето со намера и таму да предизвикаат инцидент.
На местото на настанот, по петнаесетина минути, освен искршените стакла, како трага на насилството, немаше ништо друго. Дознавме дека искршениот автобус полицијата го однела во гаражите на ЈСП, каде што околу 15 часот требало, покрај надлежните органи, увид да изврши и екипа на ОБСЕ.
Причините за вандалското однесување на учениците од ?Михајло Пупин” засега не се познати. Идентитетот на учесниците вчера не беше познат..
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=813&stID=4557&pR=3
***
16 октомври 2006

Полицијата го потврди овој инцидент, но и уште четири други од истиот ден. Според нив, на 24 октомври околу 11 часот, на булеварот "Крсте Мисирков", на еден од паркинзите кај Универзитетскиот кампус, околу 10 Албанци физички го нападнале дваесет и едногодишниот З.Ј. од Скопје, при што му нанеле повреди на главата и телото. Истиот ден, околу 14,30 часот, на булеварот "Никола Карев", во автобусот на ЈСП со број "65", 20-ина Албанци се качиле во автобусот, ги прашувале патниците како се викаат, по што физички го нападнале седуманесетгодишниот ученик од ЕМУЦ В.И., при што му нанеле повреди по главата и телото. Во исто време, во автобус на ЈСП, што сообраќа на релација Хиподром - Државна болница, поголема група ученици-Албанци од АСУЦ и од ЕМУЦ се качиле во автобусот и со тврди предмети го нападнале дваесет и едногодишниот А.Д., при што му нанеле повреди по телото. МВР известува и дека околу 18,45 часот, на автобуската постојка во населбата Нерези во Скопје, околу 10 Албанци во автобус на ЈСП што сообраќа на релација Скопје - Сарај, му се обратиле на шеснаесетгодишниот М.Б. на албански јазик. Откако тој не ги разбрал, Албанците го нападнале физички, нанесувајќи му повреди на главата и телото. 
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1003&stID=4972&pR=2
20 февруари 2008
Средношколци – Македонци претепани од соученици – Албанци
Ки;ево – Мирниот протест на средношколците од Кичево прексиноќа заврши со палење на македонското знаме на градскиот плоштад и со претепување неколкумина средношколци – Македонци, кои застанале во одбрана на знамето од нивните соученици – Албанци. Македонското знаме беше запалено откако беше оттргнато од рацете на учениците – Македонци околу 20 часот на протестот што се одржуваше за поддршка за зачувување на уставното име на Република Македонија. Директорот на гимназијата „Мирко Милески“, Вукашин Тодоровски, поради инцидентот, побарал засилено полициско присуство во училиштето. Од полицијата дознаваме дека случајот ќе се третира како инцидент и дека нема да се води понатамошна постапка во врска со палењето на знамето.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=11AE8EF53BC5D94E9D67CF4DB4C73830
***
26 ноември 2008
Имено,на 04.09.2008 год. околу 13,50 часот на ул.„Алија Авдовиќ“бб пред влезот на колонијалната продавица „Баже Комерц“,сопственост на лицето Б.Ј., машки малолетни лица од албанска националност фрлале со камења кон продавницата. Од страна на Б.Ј. и неговиот син А.Ј., лицата усно биле опоменати по што истите си заминале. Околу 14.00 часот пред продавницата пристигнало лицето М.С. кој со себе носел стап и по куса вербална расправија со Б.Ј. со стапот му задал неколку удари во пределот на рацете и телото, а потоа помеѓу двајцата избила тепачка во која си размениле неколку удари со тупаници и клоци по целото тело. Околу 14.20 часот М.К. дошол пред спомнатиот колонијал кој бил затворен, а внатре се наоѓале Б.Ј., А.Ј. и С.Ј., извадил пиштол и од него низ стаклото од влезната врата во правец кон А.Ј. испукал два проектили при што со еден проектил го погодил и му нанел прострелна рана во пределот на левата плешка. Со намера да го спречат да продолжи да пука С.Ј. и Б.Ј. се упатиле према М.К. да му го земат пиштолот но во тој момент пријавениот испукал уште еден проектил кон Б.Ј. и му нанел прострелна рана во пределот на стомакот по што М.К. со огненото оружје побегнал. По пријавувањето на настанот на лице место излегоа Дежурен Истражен Судија, Јавен Обвинител и ОКТ при СВР Скопје кои извршија увид и од лице место подигнаа: три чаури, два фрагменти од испукани проектили, траги слични на крв,еден пар гумени опинци и една кошула од лицето С.Ј.. Од Б.Ј. и А.Ј. беа земени комплети крв, облека, обувки и фолии за барутен тест. Од страна на СВР Скопје извршени се службени разговори со лицата Б.Ј. и А.Ј. и со истите беше направено препознавање на лица по фотографии.
http://www.moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6299&mid=1437&tabId=126&tabindex=0
***
24 јануари 2009
ВРЕМЕ: Учениците Македонци ја бојкотираат наставата
24.01.2009 – 12:43:14
Средношколците Македонци од струшкото училиште „Нико Нестор“ ја бојкотираат наставата по завчерашната тепачка во која брутално беа претепани петмина нивни соученици. Родителите на средношколците стравуваат од нови меѓуетнички немири затоа што по извесно време ученици Македонци повторно се нападната од нивните соученици Албанци. Раководството на училиштето најавува строги санкции за тие што ја предизвикале тепачката, но, како што велат, прво ќе го почекаат исходот од увидот на Министерството за внатрешни работи. Родителите, пак, на претепаните средношколци се заканија дека ќе ги отпишат децата од училиште затоа што и по неколку години се уште не е најдено трајно решение за постојаните меѓуетнички проблеми. – Зошто се уште не е испочитуван ланскиот договор со министерот за образование за воведување чисто етнички смени. Се гледа дека вака веќе не може – реагира еден родител кој сериозно размислува своето дете да го префрли во друго училиште. Петмина средношколци од струшкото Средно училиште „Нико Нестор“ завчера, додека траел големиот одмор, брутално биле истепани од 40-члена група нивни соученици. Од нападнатите, тројца завршиле в болница со тешки телесни повреди, додека другите двајца поминале со гребаници и со модринки. Од МВР тврдеа дека тепачката почнала без посебна причина. – Засега, имаме еден осомничен, а, според досегашните сознанија, ситни караници и детско недоразбирање се причина за оваа тепачка – рече по инцидентот Борче Пешевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=48600&kategorija=7
***
2 февруари 2010
Повторно нападнат Македонец во тетовската гимназија
Учениците Македонци од тетовската гимназија го продолжија бојкотот на настава, откако денес уште еден од нив беше истепан пред да влезе во училишниот двор.
Гимназијалците нема да одат на часови иако на денешниот состанок со раководството на училиштето било договорено дека ќе бидат превземени конкретни мерки.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/povtorno-napadnat-makedonec-vo-tetovskata-gimnazija
***
23 март 2010
Тинејџер претепан во автобус
Тинејџер бил претепан од група средношколци завчеравечер во автобус на ЈСП во населбата Чаир, соопшти МВР. Инцидентот се случил околу 23 часот на улицата Цветан Димов, во автобусот број „57“.
Шестмина средношколци му се нафрлиле на К.Н.(18), удирајќи го со тупаници и со клоци. Возачот го сопрел автобусот, по што насилниците избегале, но набрзо биле уапсени. #
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5A6E65142DCE4F4FA49B7B0EF518AFE9
***
7 мај 2010
Раскрвавени глави на осмооделенци во меѓуетничка тепачка
Во училиштето „Вук Караџиќ“ го потврдија инцидентот но допрва ќе го решаваат проблемот.
Очевидците зад камерата на Канал 5 тврдат дека четворица осмоодделенци Албанци без причина нападнале со тупаници 14 годишно момче пред влезот на „Вук Караџиќ“. Присутните во училишниот двор притрчале да го одбранат соученикот, но во тој момент напаѓачите возвратиле со камења. Додека траела бркотницата се слушнале и истрели од пиштол. Во училиштето „Вук Караџиќ“ го потврдија инцидентот но допрва ќе го решаваат проблемот.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=60273&egId=13
***
20 октомври 2010
Полицијата ги претресува автобусите во потрага по насилните средношколци
Тројца малолетници се фатени со ладно оружје во акцијата на полицајците и специјалната единици “Алфа“ на подрачјето на скопската Автокоманда по инцидентот во автобус на ЈСП при што едно момче беше расечено со нож.
Полицијата вчера попладне ги привела Х.И. (16) кој со себе носел нож, Ф.Ф. (15) поради носење метален боксирач и Д.Т. (16) кој во ранецот носел метална шипка. Сите тројца се ученици во средните училишта од тоа подрачје, велат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случи вчера во автобусот број 50 додека стоел на автобуската станица во Авткоманда дошло до масовна тепачка меѓу средношколци до македонска и албанска националност.
http://x.taratur.com/x/18406/
***
3 Март 2011
Скопски средношколец прободен со нож од соученик
Инцидентот се случил околу 13 часот на улицата пред училиштето за време на меѓусмена. Група од тројца-четворица ученици од четврта година од македонска националност оделе на настава кон училиштето. Тие биле пресретнати од поголема група ученици од албанска националност, од скопските села Моране и Студеничани, од пониските класови.
Тогаш еден од поголемата група му пришол на С.Ф. и го прашал „што ме гледаш така“, а потоа извадил нож од џебот и го пробол во ногата. 
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CE1629E50649B746A5BF70A4CC44A1BE
***
17 март 2011
Жителите на Љубанци бараат полициска заштита
Жители на скопското село Љубанци и сопствениците на викендички во селото вчера одржале средба со градоначалникот на Општината Бутел, Петре Латиновски, и побарале поголема безбедност поради зачестените подметнати пожари и грабежи во куќите. Таму во понеделникот во подметнат пожар изгоре викендичката на Владимир Зафировски, откако една недела претходно била запалена куќа на Македонец во село Бродец, а пред три недели намерно била опожарена уште една викенд-куќа во Љубанци. На средбата, на која присуствувал и командирот на полициската станица Бутел, жителите на Љуботен побарале да се сретнат со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. Тие се револтирани од надлежните институции бидејќи, според нив, тие ги кријат последните случувања во селото, па јавноста не е запознаена дека на Македонците им се палат куќите на Скопска Црна Гора.

Жителите на Љубанци велат дека за еден месец ова е десетти опожарен објект во реонот на Скопска Црна Гора. 
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=38870A72192BDF4FB81208BC7B2D5C07
***
4 мај 2011
Со нож избодено 18-годишно момче
Четири момчиња од албанска националност завчера напладне претепале и со нож изболе 18-годишно момче во Транспортниот центар во Скопје. Според полицијата завчера околу 14.00 часот во Скопје на булеварот Никола Карев” бб во Транспортниот цЦентар, пред канцелеријата на контролорите, Мартин Ј. (18) од Скопје бил физички нападнат од страна на 4 лица од албанска националност на возраст од 17 до 19 години. Насилниците го удирале момчето со тупаници по лицето и телото, при што еден од нив извадил нож на расклопување со должина околу 15 см и со еден удар го пробол во стомакот. Веднаш потоа лицата избегале кон Народната банка.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CD050F257F774B45AA555AEE2E409D44
***
21 мај 2011
Шверцери повторно напаѓаат кај Калето
МВР соопшти дека група од 20-тина припадници на навивачката група Шверцери нападнале и повредиле две лица во близина на барот Пивница кај скопското Кале.
Во инцидент кој се случил синоќа половина час по полноќ две лица се повредени откако група од 20-тина припадници на навивачката група Шверцери ги нападнала. МВР соопшти дека групата нападнала 5-мина кои седеле на клупите во близина на барот Пивница.

Двајцата што не избегале биле натепани. На едниот му бил скршен заб и му биле нагмечени ребрата, а имал и расекотина. Вториот поминал полесно имал траги и црвенило по главата и модринки по нозете. 
Девојка која била во нивно друштво успеала да избега пред насилната група. Се качила во својот автомобил, со уште двајца пријатели. Пред да тргне со колата групата ја стигнала и удирале со рацете и нозете по автомобилот. Го оштетиле автомобилот и избегале.
http://kanal5.com.mk/(S(ij12so450dhfzq45cbipnpnr))/default.aspx?egId=13&eventId=75419&mId=37
***
10 јули 2011
Група од десет лица без причина претепале момче во автобус
Група од десет непознати лица, вчера по полноќ без причина претепале 20-годишно момче во автобусот број 57. Од ударите, момчето се здобило со црвенило на грбот, крвавење на устата и гребнатина на окото.
Непознатите лица од албанска националност го нападнале момчето удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Од нападот, Н.Б. се здобил со видливи повреди во вид на црвенило во пределот на грбот, крварење на усната и гребнатинка над десното око.
До физичкиот напад дошло без повод и причина.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/grupa-od-deset-lica-bez-prichina-pretepale-momche-vo-avtobus
***
17 јули 2011
Дечко и девојка претепани од група од 20 лица во Тетово
Момче и девојка синоќа биле нападнати на улица Благоја Тоска во Тетово. Група од 20 лица од албанска националност без повод и причина почнале да ги тепаат момчето и девојката од македонска националност со тупаници и боксови во главата и телото, велат од МВР.
http://www.press24.mk/story/makedonija/dechko-i-devojka-pretepani-od-grupa-od-20-lica-vo-tetovo
***
14 септември 2011
Тензии и бојкот на наставата во кумановско Лопате
Според полицијата, случајот бил пријавен завчера од страна на тројца родители. Тие во кумановската полиција кажале дека нивните деца без повод и причина биле нападнати од поголема група ученици од албанска националност од истото училиште. И напаѓачите и нападнатите деца се седмодделенци.
Но, родителите се револтирани оти сметаат дека станува збор за смислен и организиран напад на нивните деца. „Групата со стапови влегла во училиштето, рано изутрина, и ги нападнала децата. Ова не е првпат. Веднаш ме повикаа во училиште, но никој не презема ништо за да се расветли инцидентот“, вели еден од родителите чиешто дете учи во училиштето „Битолски конгрес“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C6A319342C17E44CAC3780F1072E6F1
***
29 ноември 2011
Млади Албанци го славеа денот на албанското знаме со навредливи зборови
Група од околу 160 ученици од албанска националност со националистички пароли го празнуваше денот на албанското знаме во Струга.
- Ова не е Македонија, ова е Косово, умрете каури, ова се дел од националистичките пораки кои ги извикуваа група ученици во Струга. Со транспаренти со анти-државни пораки парадирале низ градот во периодот од 14 до 16 часот.
Групата од околу 160 ученици била забележана и од полицијата, а предизвикала вознемираност кај локалното население и од македонска и од албанска националност.
http://bukvar.mk/news/proslava-na-albanskoto-zname-vo-struga-ova-ne-e-makedonija-ova-e-kosovo?newsid=5NWm
***
25 јануари 2012
Албанци од Струга го поддржаа човекот што го запали македонското знам
Неколку стотини Албанци вчера попладне се собрале пред судот во Струга за да му дадат поддршка на Минир Исмаили, човекот што пред два дена го запали македонското знаме пред општинската зграда во градот.
Протестот за поддршка на Исмаили се одржувал додека тој бил пред истражен судија, а граѓаните барале да не му биде изречена мерка притвор.
Тој е обвинет за предизвикување национална, расна и верска омраза и раздор и нетрпеливост.
http://www.mkd.mk/9013/makedonija/albancite-od-struga-mu-dadoa-podrska-na-minar-ismaili/
***
23 февруари 2012
15-годишно момче повредено во тепачка во автобус попладнево
Петнаесет годишниот Александар М. заврши в болница попладнево, откако беше повреден во тепачка меѓу две групи средношколци – Албанци и Македонци. 
Инцидентот се случил во автобус со број 65 во скопско Стајковци, по претходна вербална расправија. Откако излегле надвор од автобусот, конфликтот ескалирал.
Полицијата го расчистува случајот.
http://www.plusinfo.mk/vest/34483/15-godishno-momche-povredeno-vo-tepachka-vo-avtobus-popladnevo
***
27 февруари 2012
Претепан тинејџер во автобус во Чаир
Непознати лица во група помеѓу 10 и 15-мина на број нападнале 19 годишно момче на улицата Цветан Димов во Чаир.
Момчето имало повеќе повреди по главата и по телото. Инцидентот се случил околу 20 часот вчера вечер. Нападанатиот тинејџер од македонска националност се возел во автобусот број 57 кој сообраќал од Радишани кон центарот на Скопје.
Поголема група помлади патници во автобусот се организирала и го нападнала момчето кое било претепано. Полицијата соопшти дека жртвата била нападната без повод и дека презема мерки за да ги пронајде напаѓачите
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87713
***
2 март 2012
Недолични песни на натпреварот Лирија-Торус СЦБТ
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на натпреварот присуствувале околу 500 навивачи.
Околу 150 биле фанови на Лирија. Група од десеттина навивачи од нив за време на натпреварот пееле недолични песни.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/62861-Nedolicni-pesni-na-natprevarot-Lirija-Torus-SCBT
***
2 март 2012
Во Бутел претепан Македонец од група Албанци
Група десетина лица од албанска националност претепале момче од македонска националност на улица Босна и Херцеговина пред старата општина Бутел.
Сашо Ц. бил нападнат од група од 8-10 малолетни лица, кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото нанесувајќи му видливи повреди.
Нападот врз малолетникот во полициска станица околу 18:45 часот го пријавил неговиот татко. Според пријавата Сашо бил нападнат без никаков повод.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68403
****
2 март 2012
Хорор филм во Гостивар
Мета им беа локалите во сопственост на Македонци
Се е искршено, ни јавува нашиот извор. Кафичот Бејби Блуе и дискотеката В-клуб се испокршени, и од надвор и одвнатре. Бутици, продавници, месарницата МЕГА, сендвичари, наплатниот центар на ЕВН, банките и останати објекти …сите излози , прозори и врати се искршени од камењата и топките снег со кои маваа протестантите. Демолирани биле и неколку возила. Никој не излегол надвор, исплашено набљудувале од балконите и терасите. Од страв многу од продавниците и угостителските објекти не ни отвориле утринава. На улиците од Македонците имало само малкумина мажи.
http://www.bezpardon.mk/horor-film-vo-gostivar-iskrsheni-izlozi-prazni-duk-ani-smrtni-zakani/
***
2 март 2012
Претепано 15 годишно момче во Скопје
Попладнево околу 17:15 во Скопје на улица Мирче Ацев бб. спроти Тинекс група од 5-6 лица од албанска националност претепале 15 годишно момче од македонска националност, информираше МВР.
Петнаесетгодишниот Матео Т. бил нападнат од засега непознати лица кои го удирале со клоци и тупаници по главата и телото. Од тоа нападнатиот се здобил со видливи физички повреди.
Сеуште не е познато кои се причините за инцидентот.
http://daily.mk/cluster3/805350317b5142c7ccea2ea72b1d395f/popladnevo-pretepano-15-godishno-momche-vo-skopje
***
3 март 2012
Три лица се повредени во две тепачки во автобуси на ЈСП
Тројца повредени – тоа е епилогот од двата инцидента во автобуси на ЈСП доцна синоќа. Во првиот случај нападнат е малолетник од Волково на последната автобуска станица во селото Никиштане, додека во вториот две момчиња биле жртви на напад на постојката спроти старата општинска зграда на Бутел, информираат од МВР.
Првиот инцидент се случил околу 20 часот во автобусот со број 64 кој сообраќал од Скопје кон селото Никиштане. Според МВР, Т.И. од Волково бил нападнат од две непознати лица од албанска националност. Тие 16 – годишното момче го удирале со шамари и боксови, од кои се здобил со видливи повреди.Патниците во автобусот, кои биле сведоци на настанот, велат дека момчето било нападнато без повод и дека веднаш се обиделе да ги раздвојат. Напаѓачите веднаш избегале кога возачот ги отворил вратите од автобусот.
Вториот инцидент се случил по 23 часот, на улицата „Босна и Херцеговина“ спроти старата општинска зграда на Бутел. Петнаесетина лица, најверојатно од албанска националност нападнале две момчиња во автобусот со број 57. Момчињата добиле удари по главата и телото од кои кај едниот се појавило крварње од носот, а кај другото оток во пределот на главата, информира полицијата. И во овој случај, според исказите на сведоците, до нападот дошло без претходен повод.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87972
***
7 март 2012
Претепан ученик во дворот на средното земјоделско во Тетово
Двајца од нив, кои од порано ги познавал, му се доближиле и без повод и причина почнале да го удираат по главата и телото, а потоа на нападот му се приклучиле и другите три лица. Реагирале тројца професори и го прекинале нападот, а напаѓачите избегале.
Потоа случајот е пријавен во полицијата. Сите петмина се идентификувани, а полицијата соопшти дека сите ќе бидат повикани на разговор. Тепачката има и меѓуетнички карактер со оглед дека напаѓачите биле Албанци, а нападнатиот Македонец.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pretepan-uchenik-vo-dvorot-na-srednoto-zemjodelsko-vo-tetovo
***
8 март 2012
Инцидент во Тетово: „Ова е освета за децата Албанци кои ги тепате во Скопје“
Три лица околу пладне биле нападнати во Тетово од страна на лице од албанска националност кое им се заканувало и ги навредувало на етничка основа.Околу 12:30 во СВР Тетово, 27 годишниот Љупчо А. од Берово, 30 годишниот Владимир К. од Скопје и 59 годишниот Томе С. од Тетово пријавиле дека околу 11:45 во Тетово на улица „29 ноември“ се движеле со комбе кога патот им го попречило возило Опел Кадет со тетовски регистарски таблички.
Возилото било управувано од непознато лице од албанска националност во кое имало и еден совозач.
Возачот на автомобилот излегол од возилото, ја отворил вратата од комбето и почнал да се заканува:

„ Сега веднаш ќе ве убијам. Ова е освета зошто вие Скопјани ги тепате децата Албанци во Скопје. Уште еднаш да не ве видам овде. Вие сте к.рви Македонски, во го е.ам крвот македонски. Во Тетово не можете да влезете повеќе. “
По ова, напаѓачот го фатил возачот за пијас и се обидел да го извлече од комбето. Почнал да удира по надворешноста и внатрешноста на возилото.

Нападнатите забележале дека тој носи пиштол на појасот.
http://press24.com.mk/story/makedonija/incident-vo-tetovo-%E2%80%9Eova-e-osveta-za-decata-albanci-koi-gi-tepate-vo-skopje%E2%80%9C
***
9 март 2012
Инцидент во Ѓорче Петров, претепани две момчиња
Вчера нешто пред полноќ, две момчиња на возраст од 28 и 31 година биле претепани од група од 6-7 лица, најверојатно од албанска националност.
Според информациите на Сител инцидентот се случил во непосредно пред стадионот на Македонија во Ѓорче Петров. Напаѓачите ги удирале извикувајќи „А ќе тепате Албанци…“.
Од ударите, момчињата се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Брзата помош биле префрлени на Клиниката за трауматологија, каде се задржани на лекување.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и информираат дека работат на целосно откривање на сторителите.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/incident-vo-gjorche-petrov-pretepani-dve-momchinja
***
9 март 2012
Тинејџер претепан во центарот на Тетово
Според информациите до кои дојде Сител напаѓачите без никаков повод и причина се нафрлиле врз момчето и почнале да го удираат.
Во инцидентот тој се здобил со полесни телесни повреди.
Инцидентот најверојатно има меѓуетничка димензија бидејќи нападнатото момче било од македонска, а напаѓачите од албанска националност. 
МВР ја потврдува информацијата. Велат дека тетовската полиција ги превзема сите неопходни мерки за расчистување на случајот.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/tinejdzer-pretepan-vo-centarot-na-tetovo
***
9 март 2012
Меѓуетничка крвава тепачка во Градскиот парк во Скопје
Четворица Албанци претепале три деца во градскиот парк во Скопје, пренесуваат медиумите. Напаѓачите, децата ги тепале и со метална шипка.Според очевидците четворица насилници ги сопреле децата и почнале да ги маваат без причина. Едно дете е пренесено во Градската болница во Скопје.
http://www.plusinfo.mk/vest/36234/Megjuetnichka-krvava-tepachka-vo-Gradskiot-park-vo-Skopje
***
9 март 2012
Малолетно девојче нападнато во Тетово
15 годишната Ѓургица вечерва била нападната на улица Коце Стојчевски додека се дви„ела со својата другарка.
Двете девојчиња биле пресретнати од група од 5 непознати лица на возраст од околу 18 години од алабанска националност и без повод и причина биле нападнати, дознаваме од извори во полицијата.
Ѓургица била удирана во пределот на главата и со нога во пределот на задникот. Со висок тон напаѓачите и се обратиле на албански јазик.
http://www.press24.mk/story/makedonija/maloletno-devojche-napadnato-vo-tetovo
***
10 март 2012
Нападнати две момчиња и еден полицаец во Тетово
Две момчиња на возраст од 23 години од Тетово, синоќа пријавиле во полициската станица дека биле нападнати од група од 6-7 лица од албанска националност.Имено тие во 1 часот и 15 минути се движеле по булеварот Маршал Тито, а во близина на сендвичарата Шатци, без никаква причина биле нападнати од групата.
Момчињата биле соборени на земја и насилниците почнале да ги тепаат. Тепачката успеала да ја прекине полициската екипа која наишла, но при интервенцијата еден од насилниците на еден полицаец му нанел исекотина на лицето при што полицаецот е задржан на лекување во тетовската болница. Напаѓачот веќе е идентификуван и се работи на негово пронаоѓање.
http://www.bezpardon.mk/napadnati-dve-momchin-a-i-eden-politsaets-vo-tetovo/
***
10 март 2012
Малолетно момче претепано во Дебар Маало
15 годишниот Андреј К. бил претепан поладнево околу 17 часот, дознаваме од полициски извори.
Поголема група лица за кои нашите извори веат дека биле од албанска националност го пресретнале момчето пред Ентернет на улица Орце Николов во Дебар Маало.
Полицијата која била во близина успеала да приведе петмина. Се врши нивна идентификација и препознавање.
Повреденото момче е пренесено во Градската хируршка болница
http://press24.com.mk/story/makedonija/maloletno-momche-pretepano-vo-debar-maalo
***
10 март 2012
66 годишен Македонец претепан од група Албанци во Ѓорче Петров
66-годишниот Аце Ордевски од скопската населба Ѓорче Петров е претепан од 10-тина момчиња од албанска националност.
Инцидентот се случил околу 20 часот на кејот на Вардар во населбата Ѓорче Петров, во близина на пешачкиот мост, каде што скопјанецот без причина бил нападат и удиран тупаници и со безбол палки.
Повредниот со возило на брза помош е пренесен во Воената болница.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88344
***
11 март 2012
Претепани Македонци и во Чаир
Двајца 19 годишни Македонци се нападнати од десетчлена група Албанци на улицата Цветан Димов во Чаир.
Инцидентот се случил околу 23.10 часот пред интернет кафето Ринија кога без никаква причина момчињата биле физички нападнати при што добиле видливи повреди по телата.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88349
***
11 март 2012
Уште едно момче претепано во Скопје
Малолетник претепан во Ченто
Три непознати лица без повод и причина го нападнале малолетникот Филип Н. во паркот, во населбата Ченто, вечерва околу 19.30 часот.
Според информациите од полицијата, малолетникот бил удрен со бокс во главата по што избегал од местото на настанот.
http://www.bezpardon.mk/ushte-edno-momche-pretepano-vo-skopje/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ushte-edno-momche-pretepano-vo-skopje
***
13 март 2012
Група Албанци го нападнаа вевчанскиот автобус во Велешта
Каменуван автобус на вевчанската компанија “Сприја” во село Велешта. Денеска околу 13 30ч на излезот од селото Велешта,населено со жители од албанска националност, поголема група млади со камења го нападнале автобусот кој врши превоз на линија Вевчани – Струга.
За среќа немало повредени патници но било искршено стакло од автобусот. Полицијата успеа да индентификува двајца од групата кои учествувале во вандалскиот чин.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88486
***
16 март 2012
Полицијата приведе три лица, од кои еден малолетник за иницидентот кој се случи во автобусот на ЈСП со бр. 65.
Расчистен уште еден меѓуетнички инциденти. Полицијата приведе три лица, од кои еден малолетник за иницидентот кој се случи во автобусот на ЈСП со бр. 65.
Приведени се Јашир Сабедини (19), Нехат Алими (22) и М.С (16), сите од село Сингилиќ. Според МВР тие ќе бидат изведени пред Истражен судија во Кривичниот суд во Скопје, по што ќе се знае дали ќе бидат задржани во притвор.
Тие се осомничени дека на 13 март во автобус кај фабриката Алкалоид го нападнале Димитар П.
забелешка: овој инцидент не беше споменат во медиумите ниту пак од МВР. Прва забелешка дека можеби дел од инцидентите се прикриваат?
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68676
***
16 март 2012
Вечерва околу 20.20 часот на ул. „Антон Попов“ пред зграда бр.10 четири непознати лица каменувале автобус на ЈСП бр. 65 . Од скршените стакла повредени се две лица.
Повреден е полицаец од полициската станица Гази Баба кој има повреди на очите и патничка родена 1981 година која е со расекотина на главата. Укажана им е лекарска помош и пуштени се на домашно лекување.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88657
***
20 март 2012
Претепано момче во Чаир
Група нападнала 20 годишно момче
Група од 5-6 лица го претепале 20 годишниот Ален М. Нападот се случил вчера вечер околу 23:30 во Чаир пред средното училиште Арсени Јовков. Според МВР групата од 5-6 лица од албанска националност го претепале Ален М, кој се здобил со полесни повреди. Полицијата трага по напаѓачите.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68744
***
23 март 2012
Претепан ученик во автобус
Тројца ученици кои биле од албанска националност го нападнале Ј.М. нанесувајќи му видливи повреди
Тројца ученици го нападнале 18 годишниот Ј.М . Инцидентот се случил утрово во автобус на Глобус Турист кој се движел од с.Романовце кон Куманово.
Тројца ученици кои биле од албанска националност го нападнале Ј.М. нанесувајќи му видливи повреди. Овој автобус превезувал ученици до училиштата во Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68844
***
26 март 2012
НЕПОЗНАТА НАЦИОНАЛНОСТ ПРЕТПОСТАВУВАМЕ НАПАЃАЧИ АЛБАНЦИ
Група непознати лица на возраст од 17 години ноќеска истепале двегодини помладо момче од нив во центарот на Скопје.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил ноќта меѓу саботатат и неделата, на 10 минути по полноќ на улица “Вељко Влаховиќ“ поточно на автобуската постојка “Рекорд“ кога Н.В. (15) од Скопје физички бил нападнат од страна на група на лица на возраст од околу 17 години, со удари со клоци и тупаници во пределот на главата и телото.
На Н.В. му е укажана лекарска помош во градската болница во Скопје, каде е констатирана фрактура на носна коска, а потоа истиот е упатен на лекување во Клинички центар – Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68877
***
22 Април 2012
Искршени триесеттина крстови на гробиштата во с. Лабуништа
Доцна синоќа оскрнавени се триесеттина крстови од православните гробишта во струшкото село Лабуништа.
Од СВР Охрид информираат дека непознати сторители ноќеска ги извадиле дрвените крстови од гробните места и ги донеле пред црквата „Св. Никола“ и таму ги искршиле.
Полициски службеници веднаш излегле на лице место, и се трага по сторители на овој грозоморен чин.
http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/68544-Iskrseni-triesettina-krstovi-na-grobistata-vo-s-Labunista
***
25 април 2012
Вандалите во тетовско не запираат
Засега непознати сторители во неутврдено време ги демолирале стаклата на влезната врата и на некои од прозорците на црквата Свети Атанасиј во Џепчиште – село оддалечено околу 4 километри од Тетово. Тие со пила ја исекле рамката на прозорецот кај олтарот која ја откорнале и фрлиле. штети причиниле и на кровната конструкција од каде фрлае и оштетле керамиди. Ги расфлале и газеле велигденските јајаца, ризите и други дарови на верниците.
Причиниле и други штети во внатрешнмоста на црквата и олтарот, а на Фасадата со остар предмет ги испишале буквите АКШ. Штети се причинети и врз црковната трпезарија каде демолирале врати и дел од кровната и таванската конструкција и однеле садови и други предмети. Свернавење и оштетување е извршено и во црквата на манастирскиот комплекс Света Богородица во истото село. Извршен е увид и се преземаат активности за откривање на сторителите.
http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=15140
***
26 април 2012
Изминатата ноќ засега непознати сторители извршиле демолирање на Црквата Света Богородица во Тетово,
Во текот на изминатата ноќ , во Црквата Света Богородица во Тетово, во крстилницата и во помошните објекти непознати сторители извршиле демолирање и сквернавење. Покрај покрај дароовите што во црквата ги носат за здравје верниците, во внатрешноста на црквата се причинети штети врз црковниот инвентар и црковните книги.
Сквернавење било извршено и во олтарот каде биле расфрлани предметите, симболите и облеката со која се изведуваат обредите, а бил пронајден и фрлен крстот. Штети се причинети и во просториите на црквата на катот, во крстилницата и помошните објекти. Ни изјави Небојша Неделковиќ, член на црковниот опдбор.
Биле пронајдени и одземени околу 4 илјади денари доброволен прилог од верниците. Полицијата изврши увид и работи на откривање на сторителите. Според портпароплот на СВР Тетово Маркјан Јосифовски во изминатите 24 часа , засега непознати сторители ги оштетиле катанарот и влезната врата на Сквата Свети Атанасиј во долнополошкото село Ратае.
http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=15145
***
9 Јуни 2012
Група млади, но и повозрасни навивачи од албанска етничка припадност кои ја бодреле екипата на НБА-Чаир најпрвин ги навредувале, а потоа физички ги нападнале кошаркарите на противничкиот тим, Партизан Водно санс на вчера одигран натпревар во салата „Борис Трајковски“ во рамки од М-18 кошаркарското првенство за играчи до 18 години, јави телевизија Сител.
http://www.mkd.mk/36713/sport/albanci-tepale-makedonci/
***
17 септември 2012
Скопјанецот Б.С. бил крвнички претепан и ограбен од неколку Албанци, во петокот кај езерото Треска, само поради тоа што е Македонец, обвинуваат од семејството на момчето. Според нив, додека силеџиите го тепале Б.С., го пцуеле и го навредувале на национална основа.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=46AC49464423B34AA2DD43D6F4F1E32D
***
01 октомври 2012
Претепани македонски ученици во Чаир зошто не извикувале Хасан Приштина
Според телевизијата, поголемите ученици Албанци ги натепале помалите Македонци и Босанци зошто не сакале да викаат Хасан Приштина. Наместо да го извикуваат новото име на училиштето, учениците од помалите класови викале Цветан Димов и изеле ќотек.
Инцидентот се случил пред почетокот на втората смена, кога седум ученици Албанци од поголемите класови со клоци ги тепале помалите Македонци и Бошњаци. Според родителите на натепаните деца, за инцидентот биле известени сите наставници.
***
08 октомври 2012
Средношколец прободен со нож во автобус
За само една недела имаше серија тепачки на млади од различна националност, а загрижува што во последно време с` позачестена е употребата на оружје, претежно ножеви и железни тупаници
Пет-шест ученици со нож проболе 15-годишен ученик од скопското село Чучер, вчераутро во автобус на ЈСП, кај Бит-пазар во Скопје.
Ранетиот средношколец излегол од автобусот на постојка кај Бит-пазар, по што бил однесен во градската болница „8 Септември“ каде што лекарите му укажале помош. Полицијата ги бара напаѓачите, кои откако го проболе момчето се симнале на следната станица и избегале во непознат правец.
Според официјалните полициски информации, насилството се случило околу 7.30 часот, во автобус број 50, на булеварот Kрсте Мисирков. Групата насилници во автобусот почнале да се расправаат со момчето и да го туркаат. По кратката расправија еден од нив извадил нож, го пробол во грбот детето, а потоа со другите напаѓачи веднаш слегле од автобусот. Повреденото момче слегло од автобусот две станици потоа и веднаш побарало помош. На местото на инцидентот полицијата извршила увид, а според МВР, засилено се трага по напаѓачите.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FFBBACBA0BB3B446925E3725ABFC7129
***
09 октомври 2012
Кафеанска тепачка со ножеви
Објавено: пред 2 часа
Прочитано: 597
Печати
Сподели со твоите пријатели!
Две лица се повредени со убоди од нож, во тепачка која синоќа се случила во ресторан „Гинга“ на улицата Тренко Тасески во Кичево, информираат од полицијата.
Според нив околу полноќ во кафеаната дошло до расправија, помеѓу гостите. Причина за кавгата била чија песна прво да биде испеана. Кичевците Ферат М., Ферит М. и Урим Б. со ножеви ги нападнале гостите на другата маса Сашо П. и Ѓорги В.
Во тепачката според МВР, Сашо бил прободен три пати со нож во пределот на стомахот и еднаш во грбот, а неговиот пријател Ѓорги бил избоден во грбот. Двајцата биле префрлени во болница, а полицијата ги уапсила насилниците.
http://www.plusinfo.mk/vest/60657/Kafeanska-tepachka-so-nozhevi
***
25 ноември 2012
Насилници со албански знамиња натепале деца во Ченто
Група од околу триесетина лица, кои вееле албански знамиња, вчера во попладневните часови нападнале деца во скопската населба Ченто.
Според првичните информации на полицијата станувало збор за група од околу 30 насилници, кои на последната станица на автобусот број 45 во Ченто ги нападнала децата кои се од македонска националност.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/812333/index.html
***
27 ноември 2012
Знамињата „завеаја“ инциденти во училиштата
Провокациите со албанските знамиња прераснале во физичка пресметка во хемиското средно во која настрадаа двајца ученици. Со повреди на главата се прнесени на лекување – потоа пуштени дома. Учениците кои ги затекнавме во школскиот двор – местото каде се одвивала масовната меѓуетничка тепачка за Алфа тврдат дека неколку дена по ред учениците Албанци помогнати од наставниците вееле знамиња и провоцирале.
Освен наставник, во инцидентот учествувал и еден обезбедувач, кој наместо да ја смири, ја доразгорел ситуацијата
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=59084
***
28 Ноември 2012
Претепани момчиња во автобус на ЈСП
Инцидент се случил вчера попладнето околу 13, часот во автобусот на ЈСП број 65 во Скопје. Две момчиња се повредени, а причината е и материјална штета, информираат од полцијата.
Според нив, вчера попладнето во автобусот кој сообраќаал на булеварот Крсте Петков Мисирков, две 18 годишни момчиња биле нападнати од поголема група малолетници кои влегле во автобусот и почнале со клоци и тупаници да ги маваат. 
Од полицијата велат дека немало повод и причина за тепањето. Двете момчиња кои се од скопското село Булачани(село населено со Македонци), биле пренесени во болница, каде им биле констатирани полесни видливи повреди од ќотекот
http://www.plusinfo.mk/vest/68856/Pretepani-momchinja-vo-avtobus-na-JSP
***
28 ноември 2012
ФОТО: „Погледнете што ми направија неколку Албанци во Старата скопска Чаршија“
„Без никаква причина, без било каква провокација, група Албанци не нападнаа мене и моите двајца другари додека се враќавме од вечерната пијачка во старата скопска чаршија. Пред да влеземе во автомобилот, кој ни беше паркиран кај стоковната Илинден, веднаш до плоштадот Секндербег, група од 7 до 8 лица кои зборуваа Албански, се стрча кон нас. Успеавме да влземе во автомобилот, но тогаш еден од нив, зема столче кое не знам како се најде таму и со него удри во предното ветробранско стакло на автомобило. Се скрши стаклото, и ништо не се гледаше. За да побегнеме морав да го отворам прозорот за да гледаме каде возиме. Само што го отворив, добив огромен камен во лицето. Успеавме некако да избегаме и отидов во болница. Добив 5 конци на устата“ – вакво сведоштво вечерва пристигна до редакцијата на Press24.
Мочето од Скопје чиј идентитет и е познат на редакцијата инсистираше да остане анонимен. Вели дека излегувањето на пијачка минатата ноќ за него бил вистински кошмар.
Очекува полицијата да реагира брзо и да ги пронајде сторителите. Вели, местото било под видео надзор и дека очекува, брзо да дознае кој го нападнал и кои се причините.
http://press24.mk/story/albanci/foto-%E2%80%9Epoglednete-shto-mi-napravija-nekolku-albanci-vo-starata-skopska-charshija%E2%80%9C
***
05 декември 2012
Малолетник претепан во автобус на ЈСП
Инцидентот се случил во близина на надвозникот Бит Пазар, кога 16-годишниот Г.К. од Скопје со тупаници и клоци бил нападнат од десет непознати лица, при што му биле нанесени видливи повреди.
http://makfax.com.mk/298028#298031
***
05 декември 2012
Тинејџер претепан на автобуска постојка во Бутел
Осумнаесетгодишниот скопјанец Д.Г. заработил повреди по телотото и е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” откако бил нападнат од непознати лица на автобуска постојка на улицата „Босна и Херцеговина” во скопски Бутел.
По извршениот разговор е утврдено дека Д.Г. бил нападнат во средата околу 18:30 часот од четири до пет непознати лица, кои со остар предмет му нанеле повреди на левиот колк и десната потколеница.
http://makfax.com.mk/298028
***
07 декември 2012
На 07.12.2012 година во 13,00 часот во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“бб, на автобуската станица кај Бит Пазар, од страна на поголем број засега непознати малолетни лица кои говореле на албански јазик, физички биле нападнати Ј.М.(1996) и И.С.(1996), двајцата од Скопје, удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главите и телата. Од нападот двајцата се здобиле со видливи повреди, црвенила и оток на лицата. Физичкиот напад е извршен без повод и причина додека тие се возеле во автобус бр 50, кој се обраќал од населба Автокоманда кон Центар.
http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=22278
***
13 декември 2012
Ново насилство во автобус на ЈСП, претепан седумнаесетгодишен малолетник
Седумнаесетгодишен малолетник вчера бил претепан во автобус на ЈСП налинијата со број 50 кој сообраќал на булевар Никола Карев (Бит-Пазар)
Според полицијата, вчера околу 18 часот неколку малолетни лица без повод и причина го нападнале малолетникот Г.С. и му нанеле повреда во пределот на десната рака. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
http://www.mkd.mk/82856/crna-hronika/novo-nasilstvo-vo-avtobus-na-jsp/
***
06 февруари 2013
МЕЃУЕТНИЧКИ ИНЦИДЕНТИ ВО КИЧЕВСКАТА ГИМНАЗИЈА -МВР МОЛЧИ
Во текот на вчерашниот ден во Кичево , во гимназијата која ги носи имината „Мирко Милески„ и „ДРИТА„ , настанал напад врз три македонски ученици во гимназијата кои биле претепани од соученици од албанските паралеки.
Полицијата била веднаш известена и излегла на лице место. Во теков на денешнив ден според извор на ОхридСкај дошло до нова тепачка , при што од утринските часови се собрале повеќе македонски граѓани на Кичево на протест пред гимназијата поради претепувајњето на тројцата ученици -Македонци.
http://ohridsky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=5713%3A2013-02-06-21-21-42&catid=38%3A2011-04-02-23-33-42&Itemid=121&fb_action_ids=591122684235750&fb_action_types=og.likes&fb_source=timeline_og&action_object_map=%7B%22591122684235750%22%3A424697957604599%7D&action_type_map=%7B%22591122684235750%22%3A%22og.likes%22%7D&action_ref_map
***
02 март 2013 
Две деца, браќа на 14 и 10 години се брутално истепани од група на повозрасни млади лица на возраст од 18 до 20 години вчера во Непроштено, по што 14-годишникот завршил во болница. Тепањето има меѓу етнички карактер-двете истепани деца се од македонска националност, додека напаѓачите се од албанската заедница. Случајот е пријавен и во полицијата, од каде соопштија дека двајца од напаѓачите се повикани на разговор. 
Според кажувањата на децата во полиција, групата од 3-4 лица ги удирала со клоци, тупаници а употребиле и стап. Истепаните деца заминале во куќата на бабата по што биле однесени од блиските во болница. Лекарите утврдиле потешка повреда кај 14 годишникот над окото како и повреди на рацете и нозете, поради што бил задржан на лекување во хирушкото одделение на тетовската болница. Помалиот брат на 10 години исто така има повреди, но по пружањето на лекарска помош е пуштен на домашно лекување. 

Полицијата соопшти дека по пријавувањето на нападот, идентификунавни се двајца од напаѓачите. Едниот на 20 години со иницијали Р.Ш, а другиот на 18 години со иницијали А.Д.

http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=17236
*** 
02 март 2013

Хаос низ Скопје - 8 малолетници во одвоени инциденти претепани од лица од албанска националност

Околу 13:30 часот 16 годишниот Кристијан С додека се возел со автобус број 65, четири засега непознати лица од како што информира МВР, албанска националност го извлекле од автобусот кај Про Кредит банка на булеварот Крсте Мисирков и го претепале удирајќи го со клоци и боксови.
Околу 19 часот на автобуската постојка кај 26 јули во Бит Пазар Бојан Џ. и уште двајца негови другари биле нападнати од непознати лица од албанска националност кои ги удирале со клоци и боксови.
Половина час подоцна, 16 годишниот Новак М и една година помладиот Никола Б. кај Камениот Мост биле нападнати од 5 до 6 непознати лица за кои во МВР рекле дека се од албанска националност
Околу 22 часот 14 годишниот Марио А бил нападнат од 2 непознати лица кај старата општина во Бутел при што се здобил со телесни повреди.
Половина час пред полноќ, Стефан Т (15) бил нападнат од 10-15 лица од албанска националност на последната автобуска станица број 45 кои го удрале со шипки во главата и телото при што му нанле тешки телесни повреди. 


http://press24.mk/story/makedonija/krimi/haos-niz-skopje-8-maloletnici-vo-odvoeni-incidenti-pretepani-od-lica-od-alban

***

06 март 2013
Пет-шест непознати лица вчера во 9,20 часот во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, го пресретнале ученикот Н.П.(17) од село Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.
Синоќа околу 19,10 часот во Скопје на бул. „Крсте Мисирков“, во автобус на ЈСП бр.9, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата.
На ул. „Цветан Димов“ во Скопје на автобуската постојка кај „Јаја Паша“ синоќа околу 19,30 часот, А.Р.(17) откако се симнал од автобус на ЈСП бр.9, бил пресретнат од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.
Десет до петнаесет лица во саботата во близина на надвозникот кај Бит Пазар, сопреле автобус на ЈСП, по што влегле внатре и физички го нападнале В.Г.(21) од село Марино, нанесувајќи му видливи повреди.
http://denesen.mk/web/2013/03/06/incidentite-vo-skopje-ne-prestanuvaat-krvava-noc-vo-skopje/

***
23 март 2013

Македонски ФОЛКЕР ПРЕТЕПАН ОД АЛБАНЦИ ЗОШТО ИМАЛ КРСТ

- ДЕНЕС ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЧОВЕК ВО СВОЈА ДРЖАВА ДА НЕ СМЕЕ ДА ПЕЕ ПАТРИОТСКИПЕСНИ И ДА НЕ СМЕЕ ДА СИ ГО НОСИ СВОЈОТ ВЕРСКИ ЗНАК…..КРСТОТ БИЛ ВО МОЈОТ АВТОМОБИЛ И ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ …..НЕМА ТАКВА СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА ГО ИЗВАДИ……П.С добар сум без поголеми и посериозни повреди….најголема е духовната болка !!!
Како што дознава порталот Skandal.com.mk од негови колеги, тој  бил претепан од група Албанци.

***
30 Април 2013


Група насилници каменувале црква во Чаир и ги навредувале верниците


Инцидентот се случил вчера во девет часот  наутро за време на богослужба во црквата Свети Ѓорѓија на улицата Панче Неделковски во Чаир.
Група насилници фрлале камења кон влезната врата на црквата, а упатиле и навреди и пцовки кон верниците, па побегнале во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите, кои најверојатно се малолетници.

http://www.press24.mk/grupa-nasilnici-kamenuvale-crkva-vo-chair-i-gi-navreduvale-vernicite
***
24 Мај 2013


Момче избодено со нож во Скопје се бори за живот

Денеска околу 19 часот во МВР било пријавено дека на ул. Стив Наумов, пред Универзитетската библиотека, Ф.Б (1983) од село Битуше, А.В (1992) од Делчево, Ј.А. (1987), Р.К (1988) и Р.Д., сите тројца од Пехчево физички се нападнати од 15-тина млади лица од албанска националност.

Во нападот со нож во грбот е прободен 21 годишниот А.В., кој побегнал кон Музејот на македонската борба за државност и самостојност каде се онесвестил.

***
1 Јуни 2013

Нова тепачка во Кичево, повредени две момчиња

Според информациите до кои дојде Kicevo.Mk, тепачката се случила околу 14.30 на булеварот Рудничка, во близина на гимназијата. Нападнати биле две момчиња од македонска националност од група од околу дваесетина момчиња од албанска националност.Тепачката настанала откако едно од момчињата било нападнато, а второто притрчало да го одбрани.
Двете момчиња, В.Т. и А.Р. се потешко повредени, при што едното добило скршеници на раката, а второто повреди на главата. Укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.

***
28 јуни 2013

Тинејџери тепале дете, го терале да изговара зборови од исламот и сето тоа го снимале


Според МВР, СВР Куманово поднесе посебен извештај против двајца 14 годишни малолетници од Куманово за сторено кривично дело „насилство“.

На 9-ти овој месец во Куманово на ул. „Гоце Делчев“, пријавените физички нападнале 12-годишен малолетник, удирајќи го по вратот, а го принудиле да изговори и зборови од исламот и истото го снимале со мобилниот телефон.


***
29 Јули 2013

Претепан 42 годишен маж во Чаир

Група од 5 насилници кои зборувале на албански јазик, утрово околу 8 часот без никаков повод и причина го претепале 42 годишниот Г.Ѓ во скопската населба Чаир, информира МВР. поред пријавата, насилниците го пресретнале 42 годишниот маж на улицата Павле Илиќ пред зградата број 7. Го удирале со боксови и колци по целото тело и по лицето при што му нанее видливи повреди во облика на црвенило и крварење.
***
07 септември 2013

Избодени тинејџери на Камен мост, еден се бори за живот

 

Како што дознава Курир, 18-годишниот Ј.Ј. и неговиот 17-годишен другар Д.Ј., двајцата од Кратово, вчера дошле во Скопје за да го проследат на арената „Филип Втори“ фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Велс.
На Камениот мост биле пресретнати од 17-годишните малолетници, Е.Ш. и Ј.А. од Скопје кои започнале да ги задеваат тинејџерите.
Во еден момент момчињата од Кратово биле физички нападнати, а еден од напаѓачите извадил нож со кој ги нападнал момчињата.
Ј.Ј. во нападот бил прободен во десната страна на градите и се наоѓа во животна опасност на Ургентниот центар. Една година помладиот кратовец заработил полесни расекотини по телото.
Полицијата ги уасила малолетните напаѓачи и против нив е поднесена кривична пријава за обид за убиство.

 http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/129278-Izbodeni-tinejdzeri-na-Kamen-most-eden-se-bori-za-zivot
***
02 Октомври

Тепачка во училиштето „Димитар Влахов“

Околу 17 часот денеска во дворот на средното училиште „Димитар Влахов“ седум ученици од албанска националност, мислејќи дека се Македонци, физички ги нападнале Сенат Ф. и Мартин М., ученици во истото училиште, дознава Телеграф.мк од полициски извори.

***
14 ноември 2013

Малолетник претепан од ученици

Нападот се случил вчера околу 13:00 часот, на ул. „Трета Македосна Бригада“ на автобуска постојка во автобус бр. 33 на ЈСП.
Насилниците гои удирале момчето со тупаници  по телото, притоа нанесувајќи му видливи повреди, заради што му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски”
осомничени се следните лица:А.Ј.(1998), А.З.(1996) и Е.Ј.(1997) од Скопје, Ј.Б.(1997) и М.Х.(1997) од с.Батинци, Е.А.(1997) и Л.Ј.(1997) од с.Грчец и Х.Е.(1997) од с.Студеничани.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/137942-MVR-gi-rascistuva-incidentite-so-ucenicite-osomniceni-13-maloletnici
***
15 ноември 2013

Нов инцидент во автобус на ЈСП! Претепано 15 годишно момче!

Не помина многу време од вчерашниот инцидент во Стајковци, денеска нова тепачка – малолетник бил претепан во автобусот со број 7
осомничени се следните лица:Е.Ј.(1997) од Скопје, И.И.(1997) и А.Р.(1998) од с.Арачиново, Х.Е.(1997) од с.Студеничани и А.К.(1996) од с.Рашче.

***
15 ноември 2013

„Страшно е ова што се случува, среќен сум што ќерка ми е жива“

Сашо Трипуновски, жител на скопското село Булачани, е татко на малолетната девојка која беше една од осумината претепани средношколци – Македонци, вчера во автобусот на линијата со број 65.
Според зборовите на девојчето кога раскажувала дома што се случило во автобусот, напаѓачите прво го попречиле патот со две возила, а потоа маскирани со шалови и шамии и наоружани со шипки и безбол палки влегле внатре и почнале безмилосно да ги удираат патниците. Наводно зборувале на лош македонски јазик. Кога автобусот бил сопрен, дел од патниците, откако ги виделе маскираните и наоружани насилници, почнале да викаат кон возачот да не запира и да не ги отвара вратите, но веќе било предоцна.  
***
05 Февруари 2014

Претепале момче, па бегајќи паднале во канал

Млади момчиња денеска се испотепале пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје.

Дваесетидвегодишниот Асип Д. од Студеничани заедно со Фарис И. со тупаници и со клоци го нападнале четири годишни помладиот скопјанец М. Димитриев, а потоа избегале кон селото Студеничани.
***
15 април.2014

Тепачка во Бит Пазар: 20 Албанци претепале 16 годишен малолетник

Група од 20 непознати лица од албанска националност денеска околу 19 часот на автобуската постојка кај Бит Пазар нападнале 16 годишно моче и неговите двајца другари. 16 годишниот А.Ј. и неговите другари стоеле на постојката по што биле напднати од големата група. Во нападот се здобиле со видливи повредипо целото тело. Полицијата го потврдува случајот и најавува негово расчистување.
http://www.press24.mk/tepachka-vo-bit-pazar-20-albanci-pretepale-16-godishen-maloletnik
*****
4 мај 2014

Момче претепано во автобус на ЈСП

Двесет и тригодишно момче било крвнички претепано вчера вечер во автобус на ЈСП, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од силината на ударите, момчето се онесвестило и со тешки телесни повреди било пренесено во Градска болница.
Инцидентот се случил синоќа во 00.30 часот во автобус на ЈСП со број 57 на пешачкиот мост на ул.„Цветан Димов" (Бит Пазар).
Имено, А.П. влегол во автобусот на автобуската постројка кај ГТЦ, се упатил кон задниот дел од автобусот и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат и во еден момент осетил силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што истиот паднал во бесознание.
http://kajgana.com/momche-pretepano-vo-avtobus-na-jsp
****
19 мај 2014

Притвор од 30 дена за убиецот на Ангел Петковски

Истражен судија попладнево осомничениот за убиството, 19-годишниот Насер Е. од селото Грчец, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Пред пешачкиот мост, кој  води до с. Сарај го забележале осомничениот, по што започнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, при што осомничениот со остар предмет, најверојатно нож, го прободел Ангел во пределот на десниот граден кош. Осомничениот се дал во бегство, а таткото го однел синот кон очната болница со цел да му се пружи помош. 
*****
22 Март 2016

Претепан ученик во Куманово

На постројката каде го чекал автобусот да замине дома од училиште, 13 годишниот Стефан го претепале 7 Албанци од друго училиште. 
http://www.telma.com.mk/vesti/pretepan-uchenik-vo-kumanovo